еМагазин
Image default
Македонија

Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација

Скопско фризерско студио лоцирано во Аеродром, изминативе три години добивало грантови од над 270.000 евра преку програмата „Еразмус+“, која ја спроведува Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, чиј директор е Лидија Димова, објави а1.он.

На фирмата „В.Е.З. Трејд“ со основна дејност „фризерски салони и салони за разубавување“, а регистрирана и со општа клаузула за бизнис, ѝ било овозможено да добие грантови за проекти од областа на едукацијата. Истовремено, во правилата на „Еразмус“ пишува дека правното лице мора да е активно во сферата на едукацијата, обуката, младите и спортот, пишува порталот.

Димова за порталот вели дека нема ништо спорно што фризерницата добивала проекти од „Еразмус+“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Златковски: Не сум “фризер”, туку наставник, обучувач и консултант

Антикорупциска отвори предмети за злоупотреби на фондови на ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гркинка се обидела од Македонија во Грција да го внесе нејзиното бебе скриено во торба

Редакција

Македонија со скок од 24 места според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2021

Редакција

Драстичен раст: 1.725 нови случаи на Ковид-19 од 7.472 тестирања

Редакција