еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби тројца градоначалници во скопските општини, СДСМ ни еден

Четири скопски општини, според досега објавените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), добија градоначалници во првиот круг од локалните избори.

Во Бутел во првиот круг за градоначалник е избран Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,79 отсто од гласовите пред Велимир Смилевски од СДСМ со 40,01 отсто, во Гази Баба е избран Бобан Стефановски од ВМРО-ДПМНЕ со 60,07 отсто од гласовите пред Борис Георгиевски од СДСМ со 29,45 отсто.

Во Кисела Вода во првиот круг за градоначалник е избран Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 52,53 отсто од гласовите пред Филип Темелковски од СДСМ со 27,46 отсто, а во Сарај старо-нов градоначалник е Блерим Беџети од ДУИ со 73,10 отсто освоени гласови пред Керим Мамути од АА и Алтернатива со 17,65 отсто.

Во Аеродром од обработени 74,19 проценти од гласовите, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ има 56,29, а Александар Филиповски од СДСМ 25,68 отсто од гласовите.

Во Центар од преброени 91,03 проценти, води Горан Герасимовски од СДСМ со 40,38, пред Наташа Котлар Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 33,25 отсто од главоите.

Во Карпош од обработени 94,59 отсто, најмногу гласови има Душко Весковски од СДСМ 33,47, а втор е Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ со 24,08 отсто.

Втор круг ќе има и во Шуто Оризари каде што Ферат Асан од СДСМ доби 37,18 отсто од гласовите пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 25,46 отсто.

Во Чаир се обработени сите избирачки места и за градоначалник во вториот круг ќе се тркаат Висар Ганиу од ДУИ 48,90 и Беким Сали од АА/Алтернатива 36,98 отсто од гласовите.

Во Ѓорче Петров од преброени 83 отсто од гласовите, води Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,81 отсто од гласовите пред Александар Наумоски од СДСМ со 33,89 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК: Данела Арсовска пред Петре Шилегов, за Советот на Град Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ

Избрани 30 градоначалници во првиот круг: Детален преглед според 100% обработени податоци од ДИК

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар еден новозаразен и еден оздравен пациент од Ковид-19

Редакција

Кој е Насер Нуредини, новиот министер за животна средина: Инвестициски банкар и консултант ќе не спасува од загадувањето

Редакција

Боки 13 бил итно опериран во градската болница по воспаление на желудникот

Редакција