еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар еден новозаразен и еден оздравен пациент од Ковид-19

По три дена, во Дебар во последното деноноќие е регистрирано едно новозаразено лице со Ковид-19 или вкупно 29 случаи во изминатите денови од овој месец.

Тоа значи дека во просек дневно се регистрирани по околу 1,6 новозаразени. Најмногу новозаболени имало на први август, 10 и на осми август, шест лица.

Во последното деноноќие битката со вирусот ја добило едно лице, а починати нема. Во изминатитите денови од овој месец починале двајца пациенти, на први и на девети или осум од почетокот на пандемијата.

Според надлежните, од крајот на февруари кога болеста се појави во ова подрачје направени се над 1.100 тестови, позитивни се 227, дури 90 отсто од нив во Дебар, останатите во општина Центар Жупа, повеќето во селото Броштица.

Од вкупниот број заразени лица до сега, во списокот на оздравени се впишани 152, најмногу од нив на 14 август, дури 60.

„Активни на болеста се 67, поголемиот процент со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови со посета на матичен лекар, дел се лекуваат амбулантски во Општата болница во Дебар, а само десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје“, велат од Општинскиот оперативен штаб и уште еднаш апелираат да се почитуваат препораките за заштита.

Во ова подрачје поголемиот број од заразените се во втората фаза од болеста. Во првата фаза беа регистрирани 51 случај, од нив двајца од Цетар Жупа од кои четворица починаа, жена од Центар Жупа и тројца мажи од Дебар. Останатите 176 заразени се од втората фаза, од 5 јуни до денес.

МИА/фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здравствен работник од Македонска Каменица позитивен на Ковид-19

17 новозаразени со Ковид-19 во Куманово, тројца се здравствени работници

Нови 108 случаи на заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје

Убава вест: Оздравени 112 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 373 случаи на Ковид-19 од 2.345 тестирања, во Скопје 155

Редакција

Судењето за „Меѓународен сојуз” продолжува на 15 април

Редакција

Прашањето за уставни измени ќе се води толку колку што е потребно, изјави Ковачевски по средбата со Ескобар

Редакција