Украинското Државно биро за истраги (СБИ) денеска соопшти дека двајца високи функционери на Министерството за одбрана се осомничени за проневера на седум милиони долари наменети за купување панцирни елеци.
„Офицери на СБИ доставија уште едно известување за сомневање против поранешен заменик-министер за одбрана и шеф на оддел на Министерството за одбрана за проневера на над 250 милиони гривни, јавни средства наменети за купување панцири“, соопшти СБИ.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.