еМагазин
Image default
Македонија

Два хеликоптери кои ќе нудат итна медицинска помош и спасување ќе бидат ставени на располагање на граѓаните

Владата на 161. седница ја усвои информацијата за спроведената постапка за избор на најповолна понуда за воспоставување Јавно приватно партнерство (ЈПП) за формирање современа организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерскиот итен медицински систем во Македонија (ХЕМС) и хеликоптерските услуги за пребарување и спасување (САР) и ја прифати предлог-одлуката за избор на приватен партнер за оваа дејност со „Сархмес ДООЕЛ Скопје, компанијата која ги задоволи условите на јавниот повик.

„Најдоцна за шест месеци по потпишување на договорот за јавно-приватно партнерство, компанијата ќе стави на располагање два хеликоптера опремени за давање медицински услуги за прва помош и за пребарување и спасување бесплатно за граѓаните, кои најмногу за 15 минути треба да бидат на местото каде што треба да биде извршена интервенцијата.

Договорот за ЈПП на приватниот партнер му овозможува да си ги наплати услугите согласно неговиот бизнис модел, а за цело време на траење на договорот има обврска да плаќа надомест за стекнатото партнерство за обавување на оваа дејност во висина од 10.000 евра, во денарска противвредност во Буџетот на Република Северна Македонија.

Двата хеликоптера, хелиодромите и другата опрема за извршување на оваа дејност, согласно договорот за ЈПП, по истекот на договорот во рок од 8 години, остануваат во сопственост на Македонија“, се вели во соопштението од Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19,9% од новозаразените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 39 години

Редакција

Обвинетите пратеници за „27 април“ се откажаа од давање исказ пред судот

Редакција

Уште еден црн ден во Македонија: Починаа девет лица од Ковид-19

Редакција