Два нови случаи позитивни на коронавирусот се регистрирани изминатите 24 часа во Тиквешијата, изјави за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
„Станува збор за машко и за женско лице од Кавадарци, на возраст од 56 и 58 години. Имале симптоми, а кавадарчанката е контакт на претходно потврдено позитивно лице на Ковид-19. Двајцата се со лесна клиничка слика на домашно лекување,“ појасни Јовановски.
Се утврдуваат нивните контакти со цел да се изолираат.
МИА/Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.