еМагазин
Image default
Македонија

Во Македонија пристигнуваат двесте терминали за читање отпечатоци од прсти

Двесте терминали за читање на отпечатоци од прсти утре ќе бидат испратени од компанијата „Дермалог“ од Германија во Скопје, а откако ќе поминат сите царински формалности, најверојатно, во понеделник апаратите ќе бидат во канцелариите на Државната изборна комисија (ДИК), каде треба да биде извршено нивно примопредавање, изјави за МИА претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Откако терминалите ќе пристигнат во земјата, инжинери пратени од „Дермалог“ ќе извршат обука за ракување со нив, а потоа таа обука ќе биде вметната и во планот за едукација на ДИК.

Даштевски е дециден дека се ќе биде подготвено за локалните избори закажани за 17 октомври, бидејќи има два месеци до изборите.

На локалните избори во земјата првпат гласачите ќе се идентификуваат со вчитување на отпечаток од прст. За набавка на терминалите, како и целокупниот систем и нивното одржување за следните четири циклуси е потпишан договор со германската компанија Дермалог.

До први октомври во земјата сукцесивно треба да пристигнат нарачаните 4.000 терминали за изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската компанија „Дермалог“ избрана за набавка на терминалите за отпечатоци од прсти

МИА/Фото: Дермалог

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи во Собранието не ја откри содржината на одговорите на Македонија од пакетот 5+1

Редакција

(Галерија) Цела Влада на миса на папата Франциск

Редакција

Антикорупциска комисија го казни Ден Дончев со 150 евра

Редакција