еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Eднократните фактори предизвикаа зголемена добивка на ОКТА пред оданочување

Во 2024 година, глобалниот пазар на деривати претрпе значителни флуктуации на цените поттикнати од геополитичките тензии и макроекономските притисоци. Во првата половина од годината, цените на горивата забележаа нагорен тренд поради зголемената побарувачка и загриженоста од прекини во снабдувањето, особено поради тоа што санкциите кон Русија продолжија да го обликуваат глобалниот трговски тек на нафтата.

Сепак, во втората половина од годината, цените почнаа да паѓаат, бидејќи зголеменото производство и економското забавување на клучните пазари ја ублажија побарувачката. Тековните конфликти на Блискиот Исток беа причина за дополнителна неизвесност, влијаејќи на рутите за снабдување и состојбата на пазарот. Ваквата динамика придонесе за нестабилно ценовно окружување во текот на целата година.

И покрај тековните предизвици предизвикани од глобалната енергетска криза во последниве години, ОКТА остана носечки столб во снабдувањето со деривати на земјата, но и во регионот, иформираат од таму.

-Компанијата се придржуваше кон ригорозни стандарди за здравје и безбедност, им обезбеди непречени услуги на клиентите и истовремено засилено ја поддржуваше заедницата.

Дополнително, ОКТА активно трагаше по нови приливи на приходи преку инвестиции во обновлива енергија, диверзифицирајќи го својот бизнис и придонесувајќи кон развојот на поодржлива иднина, посочуваат од таму.

Позитивните резултати постигнати во 2024 година ја потврдија ефективноста на долгорочната стратегија на компанијата и ја зајакнаа довербата на раководството во нејзината имплементација, велат од таму.

-И покрај комплексното и конкурентно окружување полно со предизвици, ОКТА ја задржа својата лидерска позиција на пазарот, заокружувајќи ја годината со 68% пазарен удел во Република Северна Македонија и 32% пазарен удел во Косово.

Како и досега, менаџментот на ОКТА продолжува будно да ја следи динамиката на пазарот и проактивно да идентификува можности за поттикнување на растот на бизнисот и оперативната ефикасност.

Преку стратешко планирање и активно одлучување, компанијата и понатаму останува добро позиционирана за долгорочен успех во енергетско окружување кое постојано се развива, велат од компанијата.

Најзначајни остварувања во четвртиот квартал и 2024 година

Приходите од продажба изнесуваа 44.247 милиони денари во 2024, што е резултат на пониските остварени продажби на двата пазари. Приходите од продажба во четвртиот квартал 2024 година изнесуваа 9.673 милиони денари, 25% пониски од оние во истиот период минатата година.

-Бруто-маржата во 2024 година изнесуваше 1.158 милиони денари, намалени во споредба со истиот период минатата година, како резултат на намалената побарувачка за мазут, намалените тендери за државни резерви и зголемената конкуренција од Албанија на косовскиот пазар.

И покрај тоа, во четвртиот квартал 2024 година, бруто-маржата значително порасна на 282 милиони денари, во споредба со 36-те милиони денари остварени во истиот период минатата година, пред сè поради флуктуациите на меѓународните цени на горивата, велат од таму.

ЕБИТДА во 2024 година достигна 501 милиони денари, забележувајќи пад во однос на 537-те милиони денари остварени во истиот период лани. Падот во споредба со претходната година главно се припишува на намалените количини на двата пазари во кои компанијата работи и зголемувањето на оперативните трошоци за 3%.

-Добивката пред оданочување достигна 238 милиони денари, повисока од истиот период минатата година, вклучувајќи ги и 50-те милиони денари платени како Данок на солидарност во 2023 година. Во четвртиот квартал 2024 година, добивката пред оданочување достигна 87 милиони денари, што претставува подобрување во однос на четвртиот квартал 2023 година.

Во третиот квартал од 2024 година, компанијата откупи 10% од сопствените акции, што ја одразува нејзината доверба во долгорочната вредност на бизнисот и постојана посветеност на подобрување на вредноста за акционерите.

Компанијата, во согласност со своите стратешки приоритети, инвестираше 78 милиони денари во текот на 2024 година во заокружување на процесот на изградбата на сопствена фотоволтаична централа од 12 MW, која почна да функционира во втората половина од годината, создавајќи нов прилив на приходи, велат од таму.

Општествена одговорност на претпријатието

ОКТА ја потврди својата посветеност на општествено одговорно однесување, преку двете кровни фотоволтаични централи коишто компанијата ги донираше на две образовни институции: едно основно училиште во Велес и една градинка во Гевгелија, посочуваат од таму.

-Во 2024 година, компанијата исто така придонесе и за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот преку инвестиции во едукативни иницијативи и програми за донации.

Во рамките на овие активности, ОКТА организираше едукативни работилници за сите првоодделенци во општина Центар. Иницијативата беше дополнета со донација на фотоволтаични сообраќајни знаци, стратешки поставени во близина на училишта и градинки низ општината, за да се зајакне безбедноста на патиштата.

ОКТА ја заокружи годината реализирајќи ги своите традиционални донаторски активности во соработка со Црвениот крст на град Скопје и дополнителна поддршка за училиштата во околината на компанијата, особено во општина Илинден.

Здравјето и безбедноста на нашите вработени и клиенти, како и континуираното и непречено снабдување на регионот со горива, остануваат врвни приоритети на раководството на ОКТА, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени, велат од Платформа за родова еднаквост

Редакција

(Фото) Здруженијата за заштита на животните бараат институциите да работат на проблемот со бездомните животни

Редакција

Македонските и бугарските историчари во Софија размениле предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара во март

Редакција