еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„Ќе му ја отсечам главата на секој, кој сака да го наруши мирот и спокојството во земјата“, изјави белорускиот претседател Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека владата нема да дозволи да се повторат масовните протести на опозицијата по претседателските избори во 2020 година и посочи дека секој што сака да го наруши мирот и спокојството во земјата ќе биде спречен.

– Дали заборавивте што се случи во 2020 година или овде седат три четвртини од луѓето кои се задоволни од тоа што се случи таа година и сакаат минатото да се повтори, праша Лукашенко на состанокот за обезбедување на редот и законот во земјата, пренесоа руските медиуми.

Лукашенко на состанокот кажа и дека има „доволно сила“ и дека ќе му ја „отсече главата на секој кој денеска сака да го наруши мирот и спокојството во земјата“.

– Можеби денеска некој сака да војува, како што се случува во Украина. Подобро е да се биде далеку од војната, подобро е да ја немаме овде на нашата земја, рече белорускиот претседател.

МИА/Фото: Фејсбук/Лукашенко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алпинистите Глигор Делев и Надир Мурсели искачија шест врвови на експедиција во Јужна Америка

Редакција

Нов влажен и постуден бран, обилни врнежи во понеделиник

Редакција

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Редакција