еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Дали 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје е убиена пред 10 часот, времето кое беше посочено пред неколку дена од страна на Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство?

Снимки кои ги објави „Портал икс“ во кои се гледаат двете возила со кои е киднапирана Вања, Цитроен (на убиениот Панче Жежовски од Велес) и Рено канго (на членови на партијата “Десна“, кои беа уапсени, па пуштени) ја отвараат оваа дилема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?

Ако мотивот бил пари, зошто Вања е убиена неколку часа по киднапирањето?

На снимка која ја објави „Портал икс“ се гледа дека на 27. ноември кога Вања беше грабната и убиена, возилата во 7:55 часот се во населбата Визбегово во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Телма објави фотографии од местото каде била закопана Вања

Во возилото Цитроен кое потоа беше запалено во близина на селото Бразда, каде беше пронајдено и телото на Вања, се две лица со црни капи, се гледа од снимката.

Според снимката произлегува дека возилото е запалено во 9:37 часот, бидејќи во тоа време на истата се гледа чад, кој според „Портал икс“ доаѓа од местото каде возилото е најдено опожарено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања не се задушила, била убиена со пиштол, пронајден и нејзиниот мобилен

Како е грабната и убиена Вања?

Која е партијата „Десна“ чиј претседател е Палевски, а членови дел од осомничените за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 23 пациенти, а вкупно се лекуваaт 315

Редакција

(Фото) Грчката полиција повлекува нотеси и агенди со знакот на грчката полиција и мапа на кои пишува Македонија и Северен Кипар 

Редакција

Активни шест пожари, во Скопско, Прилепско, Струмичко, Беровско и Центар Жупа

Редакција