еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е партијата „Десна“ чиј претседател е Палевски, а членови дел од осомничените за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Во фокусот на јавноста и институциите по убиството и грабнувањето на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски е и партијата „Десна“, чиј претседател е осомничениот за убиство и грабнување на Вања и Панче, а во истата членуваат уште троја од осомничените за грабнување и соучество во убиство: Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?

Ќе биде ли дерегистрирана партијата на Палчо, „Десна“?

Партија под руско влијание?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски побра нејзина дерегистрација и обвини дека истата е под странско влијание и дека работела на дестабилизација на земјата.

„Вакво криминално гнездо што е направено мора да се разбие до крај, и вакви политички партии кои што, со не знам какви провиненции ова го прават, како што таа која што е формирана, таа мора да биде дерегистрирана.

Ќе се води деталната истрага, и ќе се истражува секој можен детал. Вакви криминални дувла преку правење на политики и политиканство, коалиции, договори, влијанија од надвор сакале да направат дестабилизација,“ изјави Спасовски.

Партијата беше јавно против зачленување на Македонија во НАТО и Европската Унија, а од онаа што го промовираше, ако била под надворешно влијание, тоа најверојатно би било руско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со избричени глави осомничените за убиството на Вања и Панче

Претрес и во „Десна“

Пред неколку дена од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство информираа дека претрес бил извршен и во партијата, бидејќи едно од возилата со кое е грабната Вања, Рено канго, било на двајца членови на „Десна“.

Тие беа во првата група на пет уапсени лица, а подоцна беа пуштени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната

Од партијата побараа да се почитува уставно загарантираната презумција на невиност на осомничените

Откако беше објавено кој е осомничен за убиството на Вања и Панче, со реакција се јавија и од „Десна“.

„Пред се, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски.

Политичката партија “Десна“, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените, додека не се докаже спротивното.

Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.

Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред судот на сторителите на овие грозоморни случаи.

„Десна“, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на осомничените до крајот на процесот“, соопштија од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања не се задушила, била убиена со пиштол, пронајден и нејзиниот мобилен

Како е грабната и убиена Вања?

Како е киднапиран и убиен Панче Жежовски?

Фото: Фејсбук/Десна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанија ги исполнува условите, Македонија да го реши спорот со Бугарија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија

Редакција

Општина Аеродром и Муцунски казнети со 88.000 евра поради исфрлање на отпад на јавна површина

Редакција