еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Албанија ги исполнува условите, Македонија да го реши спорот со Бугарија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, изутринава на Тиранскиот Форум изрази силна поддршка за отворањето на преговори со Албанија, со поумерен тон се осврна на Северна Македонија, инсистирајќи на решавањето на спорот со Бугарија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Вархеји ја пофали и новата методологија за преговори благодарение на која се надмина ветото на Франција за почетокот на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

-Оваа нова методологија веќе се одразува во нацрт преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија. Земјите членки сѐ уште не постигнале договор за нив и разговорите продолжуваат во Советот.

Ги поддржуваме овие напори и се надевам дека првите меѓувладини конференции ќе можат да се свикаат што е можно поскоро под португалско претседателство, изјави Вархеји.

Веднаш потоа еврокомесарот порача дека сите услови се исполнети за одржување на првата меѓувладина конференција со Албанија и дека земјата остварила голем напредок во делот на правдата, владеењето на правото и изборното законодавство.

За Северна Македонија, Оливер Вархеји изјави: „Северна Македонија задржа стабилен чекор во имплементацијата на ЕУ реформите, посебно во делот на фундаменталните услови.

Важно е да се изнајде заеднички прифатливо решение за билатералните прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија брзо“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ги подбере ли некој навивачките групи?

Редакција

„Слаб одзив, вториот круг неизвесен“: Што коментираат странските медиуми за претседателските избори

Редакција

Пендаровски згрозен од случувањата на Онкологија, повика да се казнат виновниците

Редакција