еМагазин
Image default
Балкан

Србија од вечерва повторно под клуч за викендов

На предлог на медицинскиот дел на Кризниот штаб за справување со епидемијата со коронавирусот, донесена е одлука во Србија од вечерва на полноќ сè да се затвори за викендот, освен прехранбените објекти, аптеките и бензинските пумпи, соопшти покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Исто така, викендов се суспендирани и сите манифестации.

– Ништо поврзано со културата нема да се одржи за време на викендот, изјави Гојквоиќ, додавајќи дека одредени спортски настани ќе се одржат, доколку откажувањето не е дозволено со системот на натпреварување, но без публика, рече тој.

Гојковиќ, исто така, изјави дека онлајн наставата во средните училишта ќе продолжи и следната недела, како и дека постарите одделенија од основните училишта, од петто до осмо одделение ќе се префрлат на онлајн часови.

– Епидемиолошката состојба е вонредна, бидејќи веќе некое време има мало зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, кажа Гојковиќ и апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и да се вакцинираат.

Гојковиќ изјави дека епидемиолошкиот дел од Кризниот штаб очекува бројот на заразени да порасне во наредниот период, но дека е добро што овој раст не е експоненцијален, што, како што е убеден, е последица на вакцинацијата и почитувањето на мерките на најголем број на граѓаните.

– Медицинскиот дел од Кризниот штаб побара денеска мерката затворање, која ќе важи за време на викендот, да биде продолжена и да трае 14 дена или 21 ден, изјави Гојковиќ, додавајќи дека во понеделник ќе се одлучува за можно продолжување на мерките.

Тој кажа дека досега се ревакцинирани скоро 700.000 граѓани и дека се користени околу 1,85 милиони вакцини, како и дека се отвораат нови пунктови, со цел да се овозможи што поголем број граѓани да се вакцинираат.

– Заедно со апелот за почитување на мерките, најважно е вакцинирањето, кажа Гојковиќ.

МИА/Фото: Photo by Elena Mozhvilo on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчките плажи се отвораат на 15 мај, забранета музика во баровите

Редакција

(ВИДЕО) Историска пресуда не само за Грција: Грчката партија „Златна зора„ прогласена за криминална организација, илјадници Грци ракоплескаа пред судот

Редакција

Се затвораат основните училишта и градинките во Грција поради Ковид-19

Редакција