еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грчките плажи се отвораат на 15 мај, забранета музика во баровите

Во Грција плажите и угостителските објекти на нив ќе бидат отворени на 15 мај, соопшти вчера грчката влада.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите Панајотис Стамбулидис рече дека мерките ќе се однесуваат на вработените – одржување на далечина и носење маски, пренесува порталот Катимерини.

Тој за грчката телевизија ЕРТ рече дека угостителските објекти немаат право да пуштаат музика, што важи и за барови и ресторани што се отвораат во Грција на 3 мај.

Оваа мерка, објасни тој, е воведена затоа што експертите процениле дека бучавата го поттикнува кревањето на гласот, што доведува до ширење на капките низ воздухот и намалување на растојанието помеѓу соговорниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири маркети не ги почитувале владините одлуки за замрзнување на цените

Редакција

Инфлацијата во еврозоната во мај со нов рекорд од 8,1%

Редакција

Зошто Егејците плачеа на говорот на Ципрас: Трагедијата си ја носат со генерации

Силвана Жежова