еМагазин
Image default
Балкан

Се затвораат основните училишта и градинките во Грција поради Ковид-19

Основните училишта, забавиштата и градинките во Грција од понеделник до 30 ноември ќе бидат затворени, а учениците наставата ќе ја следат онлајн (во попладневните часови) и преку едукативната програма на грчката национална телевизија.

Одлуката на грчката Влада, која претпладнево ја соопштија надлежните министри на вонредна прес-конференција во Министерството за здравство на Грција, доаѓа по препорака на Комисијата на епидемиолози за да се намали раздвиженоста на возрасните.

Министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, објасни дека препораката на комисијата е врз основа на интензивната раздвиженост на родителите, бабите и дедовци, кои ги земаат или носат децата на училиште, како и од наставници и вработените.

„Предност има јавното здравје, основните училишта беа последното нешто што сакавме да се затвори и ова, само по себе е порака до сите за тоа колку е сериозна ситуацијата“, рече Кикиљас.

МИА/Фото: Екатимерини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

Редакција

Нема нов француски предлог кој се разликува од тој што бугарското Собрание веќе го одобри, вели бугарската министерка Генчовска

Редакција

Границата со Грција најверојатно ќе остане затворена и по 1 септември

Редакција