еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе ги подбере ли некој навивачките групи?

Во недела навивачката група „Балисти“ дивешее низ Тетово, притоа јавно ширеше говор на омраза, навреди на етничка основа и повикуваше на насилство.

И како тоа да не било доволно, фрлале и камења и шишиња врз кафуле полно со гости. За среќа никој не е повреден.

Во сличен дух како што пренесоа медиумите ден претходно со навредливи скандирања за Албанците по улиците на градот се прошетала и навивачката група „Војводи“, која славела 30 години.

Проблемот со навивачките групи во Македонија не е ништо ново.

Ново е што се уште нема сериозни казни за учесници во вакви инциденти. Казни ги квалитетно, па кога ќе ги удриш по џеб, следниот пат двапати ќе размислат што ќе прават.

Кога можеше Велика Британија да ги среди навивачките групи, кои важат за најбрутални во светот, можат властите во Македонија да ги подберат и нашите навивачки групи.

Не само како да се однесуваат по улиците, туку и на натпреварите.

Не треба да се измислува топла вода, се е веќе измислено.

Додека нема конкретни казни, вакви инциденти, кои можат да добијат пошироки импликации врз државата, ќе има.

Фото: ФК Шкендија/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачката група „Војводи“: Згрозени сме што не ставаат во ист кош со „Балистите„

(ВИДЕО) Навивачите на „Шкендија“ демолираа низ Тетово, ширеа говор на омраза и повикуваа на насилство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Зуди Енузи Кока, новиот директор на МЕПСО

Редакција

Не би сакал Албанија да се одвои од Македонија на патот кон Европската Унија, вели Мета

Редакција

„Пендаровски збори, позади бина жолто комбе!!! МВР алооо„: Твитер „прегреа„

Редакција