еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се основаат три национални установи од областа на културата

Владата на предлог на Министерството за култура денеска разгледала и усвоила информации за потребата од основање на три национални установи од областа на културата.

Ќе се основаат национални установи „Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, „Музички театар“ во Република Северна Македонија – Тетово и национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола.

„„Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, функционира како депанданс на Завод и музеј – Битола, иако е оддалечен повеќе од триесет километри од матичната институција, а е од важност поради тоа што во него, преку текстуални документи и фотографии е претставено значењето на Смилевскиот конгрес од 1903-та година.

Се основа и нова национална установа „Музички театар“ во Македонија – Тетово. Основна дејност на оваа установа ќе биде изведба, промоција и афирмација на албанската класична, џез, вокална и вокално-инструментална музика, а програмските определби ќе имаат рамноправен пристап кон сите граѓани.

Се основа и нова национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, што се очекува значително да ја зголеми културната понуда на целиот Пелагониски плански регион, опфаќајќи ги градовите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен, се наведува во соопштението од Владата.

Министерството за култура е задолжено до Владата да достави одлуки за основање на овие национални институции.

Фото: Фејсбук/Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.166 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар

Редакција

МВР потврди дека синот на поранешниот штипски градоначалник Захариев е пронајден мртов

Редакција

Ракометарот Денис Тот пронајден во бессознание во Градски парк, почина на КАРИЛ

Редакција