еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ќе се повтори ли минатогодишна магија на Мала Италија патува?!

Пред една година Скопје се прелеа во место на совршено уживање со атмосферата на шпанската, италијанската и француската култура преку најпознатите канцони, шансони и шпански песни благодарение на проектот Мала Италија патува. Илјадници седеа во столчињата пред бината на платото на МОБ и со длабоки емоции го впиваа тонот на Павле Камилоски и чувствата кои зрачеа од неговиот настап.

На точно една година од почетокот на тој концерт, Мала Италија патува објави еден пост на официјалната фан страна повикувајќи се на таа носталгија. Сеќавајки се на сѐ што се случи таа вечер и проади големиот интерес моравме да ги контактираме Павле Камилоски и Катерина Стевковска. Сакавме да видиме дали и оваа година ќе ја продолжат традицијата со Мала Италија патува.

„Нашата уметничка искра сѐ уште тлее во нас. Така се запознавме, така сѐ уште се запознаваме со Павле. Последниве денови го гледам како нешто го врти внатре. Како да му фали воздишка. Сакајќи да се потсетиме на Мала Италија патува слушнавме и едно од делата, па ја објавивме снимката. Не ни се верува колку емоции донесе тој мал клик. Предмалку ми кажа дека е спремен, а и јас сум спремна. Останува да се запрашаме ‘Што ќе донесе годинава?’“, рече Катерина Стевковска, која беше клучниот фактор во организација на Мала Италија патува.

„Една година и не е толку многу, кога ќе се размисли човек. Ама кога ќе ти се вратат спомените од нешто големо, како Мала Италија патува. Една година е многу. Можеби премногу. После тоа што го видов на социјалните медиуми полн сум со елација. Јас сум спремен, и Кате е спремна. Оваа година изгледа дека Мала Италија повторно ќе дојде во Скопје.“, истакна Павле Камилоски, одличниот македонски автодидактички пејач.

После тоа што го чувме од Павле и Кате, изгледа дека повторно ќе уживаме и впиваме чувствата и романтиките на прекрасната музика. Останува само прашањето, „Кое ќе биде изненадувањето оваа година?“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација од 30.000 евра за санација на последиците од невремето во Словенија

Редакција

Тим на македонската полиција ќе се грижи за безбедноста на Европското фудбалско првенство

Редакција

Дизајнерката Мршиќ подготвува нова колекција чанти кои ќе бидат изработени од лица од ранливи категории

Редакција