еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

За своите активности на полето на општествената одговорност, „Макпетрол“ доби признание од СОС Детско Село, информираат од компанијата.

Оваа организација ја награди компанијата и ја вброи меѓу најголемите донатори и поддржувачи за изминатата година.

Во 2023 „Макпетрол“ стана кум на куќата што го носи името „Верна“ и во која живеат деца со нивните згрижувачки родители. Компанијата донира средства со кои беше обезбедена потребната финансиска поддршка на згрижувачкото семејство.

Стратешкото партнерство меѓу „Макпетрол“ и СОС Детско Село е иницијатива која што е отпочната во рамки на самата компанија, од нејзините вработени.

-Ова е редовна практика, односно голем број предлози за донации и за најразличен вид општествено одговорни активности пристигнуваат од луѓето што се дел од тимот на „Макпетрол“, без разлика на нивната работна позиција, посочуваат од компанијата.

СОС Детско Село традиционално, секоја година, го организира овој настан на чија што церемонија се заблагодарува за солидарноста и за поддршката од корпоративните и од индивидуалните донатори.

Организацијата објави дека згрижува 180 деца, а нејзин дел се 86 згрижувачки семејства. Во 2023 година тие помогнале на повеќе од 700 деца, млади, родители и згрижувачи и обезбедиле 27 нови згрижувачки семејства.

Поддршката и овозможувањето развој на заедницата и понатаму ќе биде дел од активностите на „Макпетрол“. Општествената одговорност останува една од најзначајните стратешки цели на компанијата, велат од „Макпетрол“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамиз Мерко останува градоначалник на Струга, Идри Истрефи го призна поразот

Редакција

Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка

Редакција

Ќе се собираат 150.000 потписи за нов референдум за името

Редакција