еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во јануари 39.542 денари

Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари изнесува 39.542 денари.

Во однос на јануари лани е зголемена за 16,5%, а ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 процент).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (10,9 проценти), Преработувачка индустрија (4,9 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 59.392 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нејасностии за роамингот на Западен Балкан, го почитуваат ли сите оператори договорот?

Редакција

Авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул не можел да слета во Скопје поради облаци

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во мај

Редакција