еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

„Пијан славеј“ ќе ја воскресне македонската шансона во Јавна соба, во сабота вечер

Во сабота вечер, на 23. март, во Јавна Соба концерт ќе одржи „Пијан славеј“.

„Пијан славеј“ е музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски, во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона. Инстинктивно го осовременуваат стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Групата е формирана кон крајот на 2021 година. Првиот настап го имаат на скопскиот „OFFest”, а наредната година, „Скопскиот џез фестивал” го издава нивното прво и истоимено ЕП. Понатаму настапуваат на „D-festival” и на фестивалот „Druga Godba” во Љубљана, Словенија.

„Песни кои се потпираат на оригиналноста и шармот на неговите стихови (од кои „Парфем“, „Крв да ни се стори“, „Сонце“ веќе солидно се извртеа на социјалните мрежи), но уште повеќе со енергијата која се чини само нему му е својствена, а нам на навивачите и тоа како позната.

Притоа, возен од неговите придружници инспиративно слезе до срцевината на македонската поп сцена од седумдесеттите, си дозволи наново да им се обрати на значајните претставници на шансоната во глобални рамки,” вели за нив критичарот Љупчо Јолевски.

World Music Saturday е мотото на фестивалот “Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба.

Влезницата чини 400 денари, а може да се купи на drugastrana.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Живеев со баба-цимер: Маријан Ѓорѓиевски во „Еден на Еден“

Редакција

За 30 дена се намалува рокот за намирување на обврските на јавниот сектор кон приватните компании

Редакција

(Фото) Во Маврово заловен најголемиот балкански рис, гласајте како да се вика

Редакција