еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се преиспита содржината на учебникот по Историја за седмо одделение

Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по Историја за седмо одделение.

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека примило повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.

Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани.

-Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет, соопшти МОН, но не прецизира на што конкретно се однесуваат претставките за учебникот.

МОН наведува дека заедно со други надлежни институции ќе продолжи да работи на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и дека во тој процес ја вклулува и јавноста со тоа што граѓаните може да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса: [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Временска машина и магично Wine&Dine кабаре шоу во Скопје

Редакција

Осуда за изјавата на Касами од ЛДП и СДСМ

Редакција

Денеска на Канал 5 дуел Заев-Мицкоски

Редакција