еМагазин
Image default
Локално

Единаесет лица од струшко се тепале на бензиска пумпа во Велешта

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.(42), С.Р.(48), Н.Р(49), Ј.Р.(30), Х.Р.(19), Ш.Р.(22), против 16-годишeн малолетник, сите од струшкото с.Октиси, како и против Д.Х.(45), Х.Б.(49), Ш.Х.(28) и Д.Х.(25), сите од с.Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, информира МВР.
Х.Б. се товари и за сторено кривично дело „спречување на докажување“. На 17.08.2019 пријавените учествувале во физичка пресметка на бензиска пумпа во с.Велешта. По настанот, пријавениот Б.Х. извршил отстранување и сокривање на компјутерскиот хард диск со видео записот од безбедносните камери, поставени на бензиската станица.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повредена 18-годишна девојка по удар од „Ауди“ во Штип

Редакција

Крими-филм во Кичево: Дилерот пред полицијата ја фрлал дрогата во тоалет

Редакција

Скопјанец се повредил скокајќи од прозор при бегство од полициска станица

Редакција