еМагазин
Image default
Локално

За еден ден изречени 340 санкции во сообраќајот во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

„На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 340 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 30 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 31, 35 санкционирани мотоциклисти, 24 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 25 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина 15 годишно девојче во сообраќајка кај Струмица

Редакција

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Редакција

Велешанец тешко повреден откако со „Кавасаки“ излетал меѓу двата тунела на автопатот Скопје-Велес

Редакција