еМагазин
Македонија

Единаесет нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко, заболена и една наставничка

Единаесет нови случаи на коронавирусот се потврдени во Тиквешко во изминатите 24 часа, заболена е и една наставничка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Девет од новозаболените лица се од Кавадарци, а по едно од Неготино и Демир Капија.

-Изолирани се една наставничка и 16 ученици, ќе биде извршена дезинфекција во училиштето. Едно 53 годишно лице од Демир Капија е хоспитализирано во Велес, рече Јовановски.

Сите новозаболени, од двата пола, биле со симптоми. Двајца од нив претходно имале контакт со лице позитивно на Ковид-19.

Од почеток на пандемијата досега, во Кавадарци заболеа 260 лица. Во Росоман и Демир Капија по 13, Неготино 53 лица.

Се утврдуваат контактите на новозаболените, со цел нивна изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 490 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Бизнисменот и пратеник на СДСМ, Лазе Таневски позитивен на Ковид-19

39,5% од заразените со Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Активни пожари: Гори на целата територија на државата

Редакција

Жените на СДСМ на 9. март ќе маршираат за 8. Март: Зошто не се приклучија на маршот за правата на жените, па да ги слушнат барањата

Редакција

Радев: Преговорите со ЕУ не зависат од новата бугарска Влада, туку од Македонија

Редакција