еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Економист: Две третини од светското население живее во земји што ја поддржуваат Русија или се неутрални

Прозападна страна во украинскиот конфликт заземаат 131 држава, покажа истражувањето спроведено од британското списание Економист.

Списанието истражуваше каква позиција заземаат земјите во светот, во конфликтот што започна на 24 февруари, па ги подели во три категории: прозападни, неутрални, проруски.

Дваесет и осум држави се ставени во категоријата проруски. Дел од нив се Кина, Сирија, Пакистан, Еритреја, Етиопија. Земјите во оваа категорија, сочинуваат над една третина од светското население.

Во државите под прозападната категорија, живее 36 отсто од светското население.

Триесет и две држави кои беа одредени како неутрални, исто така се околу една третина од светското население. Меѓу земјите на оваа листа, се најдоа и Индија, Бразил, Бангладеш.

Авторите истакнаа дека две третини од светското население живее во земји што ја поддржуваат Русија или се неутрални.

Но, како што се забележува, резултатите се под силно влијание на Кина и Индија, со нивните големи популации.

Се појаснува дека Кина „паднала“ во категоријата за поддршка на Москва, бидејќи одбегнува да ги осуди постапките на руското раководство и е малку веројатно да ја заземе страната на Западот.

Индија пак, го засили ангажманот со Русија, особено со намалување на цената на нафтата. Како резултат на тоа, авторите заклучуваат дека не цела светска заедница е подготвена да ја признае Русија како аутсајдер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец спаси жена која сакала да си го одземе животот со фрлање во Крушевското езеро

Редакција

Албански државјанин починал при градежни активности во селото Баланци

Редакција

Флорин Бесими се откажа од пратеничкиот мандат за да избегне можен судир на интереси

Редакција