Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) информираше дека синоќа во 21.44 часот во Полициската станица во Матејче било пријавено дека експлодирала плинска боца во викендица во Матејче.
„Повредени се 6 лица кои се пренесени во Скопје на понатамошно лекување и се вон животна опасност. Денеска дополнително ќе се утврдува причината и матрејалната штета,“ соопштуваат од РЦУК.
Се работи за лица од 30 до 40 години. Повредените биле пренесени во Кумановската болница, а потоа испратени во Клиничкиот центар и во Градската болница во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шестте повредени лица при експлозијата на боца во Матејче се со изгореници на лице и раце
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.