еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Анализа на проф.Трајковски: Досега од Kовид-19 сме изгубиле град со големина на Берово или Кратово

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на заболени, ја анализира смртноста од Ковид-19, којa според него e како цел еден град да изумрел од вирусот.

„Морам да дообјаснам за оние коишто не разбрале како тоа досега од Kовид-19 сме изгубиле град со големина на Берово или Кратово.

Одвишната смртност за цела 2020 година, според билтените на Државниот завод за статистика (ДЗС) изнесуваше малку над 5.000 лица. Од тој број, 2.500 беа официјално починати од Ковид-19, што е таканаречена објаснета одвишна смртност.

Останува необјаснетата одвишна смртност од 2.500 лица, кои умреле во ноември и декември, на врвот од есенскиот бран на епидемијата.

Значи, не умреле поради нелекување од други болести, бидејќи знаеме дека болниците работеа со намален капацитет уште од март. Јасно е дека најголемиот дел од одвишната смртност се должи на ковид – жртвите од пикот на епидемијата.

Било како било, реалната смртност ја добиваме множејќи ја официјалната со фактор 2 (2.500 х 2 = 5.000). До денеска официјалниот број на ковид – жртви веќе се искачи речиси на 3.500, односно множејќи го овој број со факторот 2 доаѓаме до приближно 7.000 ковид – жртви – точно колку целокупното население на Берово или Кратово.

Билансот не е конечен, досега поминавме малку повеќе од половината од патот, а некаде во јули или август годинава од месечните билтени на ДЗС ќе добиеме подобра претстава за катастрофата што не снашла.

Само, се плашам дека дотогаш бројките ќе покажат загуба на население колку град со големина на Делчево или Свети Николе,“ пишува Трајковски.

Заклучно со вчерашниот ден, вкупната бројка на починати во Македонија изнесува 3.473.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали бројот на починати од Ковид-19 намерно се прикажува висок?

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го заклучил во стан: 71-годишен битолчанец извршил полов напад врз осумгодишно дете

Редакција

Славица Кутиров поднесе оставка од директорското место во Царинската управа

Редакција

Д-р Даниловски: Пикот на нови случаи помина на 23 јануари, а смртни случаи од Ковид-19 на 3 февруари

Редакција