Не постои сомнеж дека кога некој ќе помисли за Мајкрософт не помислува на корпорација и компанија, туку на ентитет и организација која го има променето светот со своите делувања. Од првиот оперативен систем до Мајкрософт 365, секој чекор на Мајкрософт е за да надгради нешто, да направи добро со тоа што го има. Малку замислуваат дека луѓе се зад тие чекори, и дека тие луѓе се движечката сила во Мајкрософт.
Сега е време да се запознаете со Елисавета Нојковска која има регионална улога во 24 држави како дел од Мајкрософт ЦИЕ, кои работат кон подобрување на комуникација помеѓу студентите, организираат разни видови на настани кои помагаат во развојот на нашето општество. За да добиеме уникатен поглед кон нивната мотивација и работа разговаравме со Елисавета и Вие може да го видите тоа од интервјуто подолу.
Трчате маратони, организирате филантропски активности, сте мотивациски говорник и повеќе од 15 години сте со Мајкрософт. Како се чувствувате во Мајкрософт?
– Секој го гледа Мајкрософт како нешто големо и недопирливо. Како нешто што е надвор од размери, но, мора да ви кажам. Ние сме едно големо семејство. Кога одите на настани илјадници и илјадници километри надвор од државата и се среќавате и запознавате со луѓе со кои имате одлична конекција, се чуствувате како да сте опкружени со фамилија и пријатели. Затоа сум толку вљубена во Мајкрософт, во нашите цели, и најважно во нашата мисија. Сакаме да помагаме и да надградуваме во нашето општество. Затоа секогаш давам сѐ од себе, исто како во трчањето, до крај.
Ги менувате работите, овде во Македонија. Како го правите тоа?
– Правиме сѐ што можеме со имплементација на интересни идеи и концепти. На пример, Challenge 365 во 2017 ни помогна да допреме до учители и професори со тоа што тие беа охрабрени да ги користат нашите услуги и софтвер како Office 365, Sway, One Note Staff, One Note Classbook, One Drive, Skype in the Classroom, MS Team, MS Office professional, Office mix и Forms. Тоа покажа дека со овие алатки тие имаа голем развој во својата продуктивност, иновација и реализација.
Чекорите како овие ни помогнаа да ја развиеме ефективноста кај луѓето и да го придвижиме нивниот фокус кон работите кои најмногу им значат. Неколку месеци пред тоа имавме Windows 10 кампања именувана кско #W101010 challenge за познатите личности во Македонија и успеавме во тоа да собереме 10 различни профили на луѓе како актери, пејачи, атлетичари, ТВ и радио водители, инфлуенсери, блогери, новинари и модни дизајнери да ни покажат како тие ја користат технологијата секојдневно и како нивниот живот се подобри за само 10 дена.
Мајкрософт прави чекори кон иновација и модернизација на работниот простор. Што претставува тоа за вас?
– Нашата средина константно се менува и еволуира, посебно на ниво на технологија ние треба да дадеме повеќе. На пример, со самото користење на Microsoft Surface на вработените може да им се подобри животот и да им е полесно да работат. Ова може да се види од годините во кои сите користат Microsoft Office или Office 365. Овие технологии се столбот на модерното општество и целиме кон тоа да го подобриме модерниот работен простор со нивната имплементација. Во последната декада се гледа дека канцеларијата е секаде каде што ќе одиш, и работната средина е флексибилна исто како работната динамика.
Разговарајќи за активности кои му помагаат на општеството, не можеме да не прашаме за DigiGirlz. Зошто го организирате?
– Ова ми е омилена тема. Во Мајкрософт Македонија имаме една внатрешна шега и секогаш кога ќе се спомене DigiGirlz некој вели „Девојките го движат светот“, или „DigiGirlz го движат светот“. Толку многу ја сакаме оваа акција што при секоја секунда која работиме на неа ние сме посветени 100%. Нашата цел е да имаме што е можно повеќе девојчиња заинтересирани за СТЕМ професиите.
Тоа е нашата Microsoft YouthSpark програма која им овозможува на девојките од средните и основните училишта да се запознаат со можностите да научат нешто за кариерата во технологијата, да се поврзат со вработени од Мајкрософт, и да учествуваат во директни работилници за технологии и компјутери. Постои ли нешто подобро од тоа да се работи со млади луѓе и да се мотивираат да го сменат светот? Не верувам дека постои!
Веќе е март и е втората година од DigiGirlz. Дали планирате нешто интересно како претходно?
– Планираме многу! Ние бевме меѓу првите кои аплицираа оваа година. Од сите тие девојчиња и позитивната атмосфера која ја имавме минатата година бевме целосно инспирирани и едноставно, не можевме да чекаме. Веќе следната недела почнуваме од Скопје и ќе продолжиме во Битола, Штип и Тетово. Очекувајте нѐ! Ќе бидете изненадени.
Дали мислиш дека треба да има повеќе жени во ИТ?
Има жени кои ја сменија играта на многу начини. Julie Simpson, CEO, ResourceiT Consulting, Jennifer Didier, President, Directions, Sonia Cuff, Co-Founder, The Missing Chair and Off the Cuff Consulting, Rohana Meade, President and CEO, Synergy Technical, и многу други имаат дадено чекори напред. Најголемиот предизвик, посебно во нашиот регион, е тоа што девојките од млада возраст не се охрабрени за СТЕМ професиите, и се обесхрабрени од семејстовото и познаниците.
Затоа го организираме DigiGirlz со толку енергија, затоа што сакаме да ги скршиме синџирите на општествените норми. Веруваме дека треба да сме инспирација за секој да ги следи своите соништа, посебно девојките.