еМагазин
Image default
Интервју ТОП СТОРИИ

Гарванлиев за „еМагазин“: „Here I stand” е чиста искрена емоција исткаена во еден здив, од сите бури, разочарувања и надежи

„Here I stand“ е евровизиската песна со која што македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи пеејќи на англиски јазик на 65. издание на Евровизија, кое треба да се одржи во мај во Ротердам, Холандија.

Песната е работена според мелодија и текст на Гарванлиев, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Во интервју за „еМагазин“, Гарванлиев открива повеќе детали околу песната, плановите за Евровизија, но и неговата музичка кариера.

Васил од вчера и официјално во етер пред публиката ја претставивте новата песна за овогодишното евровозиско издание. Какво е чувството, посебно со оглед на новонастанатите околности и правила на игра? Дали возбудата е поголема?

– Лично за мене возбудата е иста како лани дури и поголема. Песната се работеше со голема посветеност, труд, искрена љубов и среќен сум што сега сите љубители на Евросонг ја имаат можноста да ја слушнат и уживаат во неа. Возбуден сум многу, првите денови по промоцијата се полни со адреналин, што се однесува до новите околности како и сите така и ние се адаптираме, целта ние иста да се претставиме во најдобро светло што можеме.

Велите дека “Here I stand“ e автобиографска песна. Како точно настана и кој се стои позади неа?

– За да го избегнам ова прашање намерно додадовме краток инсерт како настана песната за да ја доловам целосната приказна. Некогаш во најтешките моменти ја наоѓаме силата така се роди и “Here I stand“.

Во тимот се мои долгогодишни соработници: Давор Јордановски и Борче Кузмановски (аранжман и музичка продукција). Песната се снимаше во познатото студио Fames со над 50 македонски врвни инструменталисти.

Пошироката публика не знае дека Вие сте високо-едуциран оперски пејач, баритон и солист, со образование стекнато на музички институции долж целиот свет. Како се менувате вашата музичка определба и пасија низ годините? Да треба да се определите сега за еден правец, кој би бил сега тој?

– Не мислам дека еден правец може да го дефинира било кој уметник целосно, барем лично сметам дека секој пејач/уметник истражува и еволуира со текот на времето. Јас мислам дека мојот стил е еклектичен да не кажам експериментален.

Многу пати изјавив дека црпам инспирација од македонската етно музика, бидејќи освен што не прави уникатни за мене е особена чест да ја претставам насекаде низ светот. Моето искуство од опера и класичниот свет ми даде солидна подлога за мојата професија. “Here I stand“ е правецот што најмногу ми лежи и најдобро ме отсликува.

Минатата година пред да започне кризата веќе стигнавте до некој дел со подготовките. Имајќи го во предвид и вашето претходно искуство како дел од евровизискиот тим на Тамара Тодевска, што е поразлично оваа година од лани на почеток на пандемијата и секако од предминатата година?

– Ништо не е исто. Се соочуваме со бројни предизвици и неизвесности низ целиот процес. Со Тамара беше магично во Израел, минатата година по самата промоција на YOU неколку дена потоа се откажа Евросонг.

Оваа година имавме неколку сценарија, една од барањата беше да имаме лајв он тејп снимен настап, кој би се емитувал за секој случај како бек ап опција. Но остануваме позитивни, музиката е таа што не обединува сите и во вакви тешки денови очекуваме дека Евровизија ќе биде светлата точка што ќе не обедини сите.

Како течат Вашите подготовки во моментов? На што посебно се фокусирате?

Периодов е многу динамичен, функционирам како војник. Станувам наутро, вежбам во Фитнес & Спа Парк, до пред скоро се подготвувавме за настапот во Белград за режисерката Тине од Шведска, која исто така престојуваше во хотелот.

Ја спремавме промоцијата и ја снимивме акустичната верзија на песната во Four, сега ни останува да се концентрираме на настапот. Во меѓувреме имам снимање и бројни интервјуа, се трудам да оставам малце време за себе за медитација, здрава исхрана и средба со моите најблиски.

За очекувањата можеби е неблагодарно да се збори, но еве, што би ве направило целосно задоволни и проектот Евровизија успешно завршен, неалудирајќи притоа на пласманот?

Да го реализираме тоа што макотрпно го работиме целиот тим веќе неколку месеци, односно да се претставиме во најдобро светло. Силно верувам дека ќе ги искористиме тие 3 минути за да бидеме горди на сработеното.

 

Како музичар, како успеваш да се адаптираш на новото нормално и дали пандемијата значително го смени правецот и фокусот на твојата кариера, со оглед на тоа дека пандемијата значително ги погоди музичаритe?

– Па немаме избор. Јас сум од ретките што продолжи да продуцира и за време на пандемијата. Објавив неколку видео записи, имав онлајн концерти и се посветив целосно на мојот албум – СудБина. Признавам дека се соочуваме со голем број предизвици, но уметниците се „алхемичари“ така да ќе го преживееме и овој период.

Им порачувате на фановите да веруваат, да сонувааат и дека нема предавање. Кој е вашиот сон?

– Мојот сон се музиката и сцената, и зад завесите малку луѓе знаат дека има безброј пречки што ќе ве натераат да се откажете. Само со силна верба и љубов можеме напред, звучи клише но во тоа е разликата помеѓу тие што успеваат и тие што се откажуваат.

Пост-евровизиски планови?

Наскоро ќе ги прецизираме плановите за промоција на мојот албум. Истовремено работиме на моето EP на англиски јазик. Фокусот периодов е целосно на Евросонг, и со оглед на ситуацијата ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) „Here I stand“: Објавена песната со која Македонија ќе учествува на Евровизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нина ќе стане библиотекарка во библиотеката на Владата

Редакција

Нови 890 случаи на Ковид-19 од 3.284 тестирања

Редакција

14 нови случаи на Ковид-19, од кои осум се во Тетово

Редакција