еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

ЕОС Груп истражување: Инфлацијата и енергетската криза создадоа загриженост за финансиската иднина кај граѓаните во Европа

Околу 47% од потрошувачите во Европската Унија и земјите од Југоисточна Европа се загрижени за својата финансиска иднина, покажува истражувањето на потрошувачите што го спроведе Групацијата ЕОС („EOС Group“).

Истражувањето е спроведено во првата половина од 2023 година во земјите членки на Европската Унија, Швајцарија и земјите од Југоисточна Европа.

Главни причини за ваквиот тренд се високата инфлација која ги зголеми трошоците за живот и енергетската криза, која минатата година донесе историски највисок раст на цените. Најмногу како резултат на овие два фактора, 53% од испитаниците одговориле дека станале повеќе ценовно чувствителни, а 44% од нив купувале производи на распродажба, односно со пониски цени, додека 33% избегнувале непотребни трошоци и ја намалиле личната потрошувачка.

Во Македонија 42% од испитаниците одговориле дека се ценовно чувствителни и внимаваат на својата лична потрошувачка. Гледано по земји, овој процент е највисок во Романија – 67%, Унгарија – 66%, Чешка – 63% и Франција – 59%. Според истражувањето на „ЕОС Груп“, како резултат на ваквите трендови, 33% од граѓаните најмногу штеделе на услуги за релаксација и рекреација.

„Истражувањето јасно покажува дека инфлацијата и енергетската криза ја зголемија ценовната сензитивност кај граѓаните, но исто така се забележува и тренд на поодговорно трошење и грижа за домашниот буџет. Сите ние се обидуваме да ги намалиме личните задолжувања, а особено во време на криза и општа неизвесност.

Главните трендови во истражувањето покажуваат дека финансискиот сектор треба повеќе да вложува во развој на решенија кои ќе бидат креирани според потребите на корисниците, а истовремено важно е да продолжи развојот на услуги креирани на база на доверба и разбирање на клиентите.

Како водечки финансиски инвеститор за управување со побарувања, ние имаме голема експертиза во овој сегмент и продолжуваме да работиме на дополнително унапредување на алатките со кои ќе го подобриме односот со корисниците во интерес на двете страни“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на „ЕОС Матрикс“, дел од Групацијата ЕОС.

Истражувањето на потрошувачите покажува и благо зголемување на задолжувањето од 19%. Најголем процент на зголемување на задолжувањето има во Романија и Унгарија од 30%, а високо на листата е и Македонија, каде задолжувањето се зголемило за 29%, а во Србија за 28%.

Подмирување на трошоците за греење, електрична енергија и храна биле главна причина за задолжувањето. Најголемиот процент на задолжување или 56% отпаѓа на мали кредити до 1.000 евра, а 29% отпаѓа на кредити од 1.000 до 5.000 евра.

Овој тренд укажува на опаѓање на животниот стандард кај дел од граѓаните. Истражувањето укажува и на зголемено користење на готовина наместо електронско плаќање. Имено, 43% од испитаниците одговориле дека користат повеќе готовина отколку шест месеци претходно, што укажува на зголемен страв и неизвесност кај граѓаните.

„ЕОС Матрикс“ е водечки финансиски инвеститор во сегментот на управување со побарувањата базиран на напредни технологии и иновативни решенија. Со своите активности и експертиза, „ЕОС Матрикс“ дава значителен придонес за развој на финансискиот сектор во земјата и проширување на палетата на услуги и можности.

Компанијата одбележа 20 години од своето работење на пазарот. „ЕОС Матрикс“ е дел од „ЕОС Груп“, групација која работи на повеќе пазари. Во фискалната 2022/2023 година, обемот на инвестиции во портфолијата на побарувања на компанијата изнесува 1,2 милијарди евра, а приходите беа зголемени за 21,4%. „ЕОС Груп“ е присутна на пазарите во 24 земји, а вработува 6.000 лица ширум Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Туристичките водичи прашуваат зошто се иземени од петтот пакет на економски мерки

Редакција

Владата размислува за зголемување на загарантираната минимална плата

Редакција

Саемот „Купи куќа, купи стан“ трае до денеска: Може да се добијат субвенции и до 20.830 евра

Редакција