еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Епидемиологот Стојанов за СП: Многу е поголема шансата да се фати Ковид-19 со една доза отколку со две

Епидемиологот, доктор Александар Стојанов за Слободен печат вели дека една доза вакцина е подобра од ниедна, ама дефинитивно не создава целосна заштита.

“Од мерките не ми се јасни две работи. Прво, зошто некој може да влегува во објекти до 45 дена од прележаната болест. Што се случува на 46 тиот ден? Некои земји дозволуваат 8 месеци или 12 месеци по прележувањето.

Другиот момент што не ми е јасен е зошто со една доза може да се влегува. Една доза е подобра од ниедна. Ама очигледно е дека не е доволна за заштита како што треба. Да немаше доволно вакцини, ќе разберев.

Ама сега имаме вакцини и за да биде ефектот поефектен, треба да има втора доза. Сега се размислува и за трета доза. Важно ќе има и трета доза. Човек кој е вакциниран со една доза, да се однесува исто ко да не е вакциниран!

Многу е поголема шансата да фати ковид со една доза отколку со две. Тоа значи, до втората доза, да се избегнуваат гужви, да се носи маска и да се држи растојание. Општите мерки, како за невакцинирани да ги почитуваат и вакцинираните со само една доза.

По втората доза пак треба две три недели да поминат за да се подигне имунитетот. Убеден сум дека Комисијата за заразни болести цело време им ги дава на владините претставници мерките како што треба.

Ова со една доза и 45 дена, не е излезено од Комисијата за заразни болести. Ама кога ќе отидат мерките во Владата на тој нивен кризен штаб, таму комбинираат и излегува ова. Поинаку не можам да си го објаснам ова. Никаде во светот не е вака. Епидемиолошки, медицински, ова не е издржано“, вели доктор Стојанов за Слободен печат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, во кои студии е напишано дека нивниот имунитетна трае 45 дена

Доктор Беќаровски: Ревидирајте ја бесмислената одлука за прележаните од Ковид-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци

Доктор Кунгуловски: Прележаните од Ковид-19 имаат слична заштита како и вакцинираните, од каде излезе оваа со 45 дена

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На шест повредени во пожарот во Кочани им е трансплантирана кожа

Редакција

Неготинскиот градоначалник Тони Делков позитивен на Ковид-19

Редакција

Почина Алајдин Демири

Редакција