Од невремето со ветер од 130 километри на час во Скопје бил оштетен и еден од ер тракторите за гасење пожари.
Сега Македонија остана со два ер трактори.
Информацијата за телевизијата Сител ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Тој информираше дека е контактирана фирмата Титан која ги сервисира ер тракторите и од ДЗС побарале да испратат нивни механичари.
Штетата не била голема, но тој е вон употреба.
За гасење на пожари се користат и два полициски хеликоптери и еден армиски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку силен бил најбрзиот ветер во Македонија
Каде ќе завршат стотиците паднати дрвја во Скопје
(Видео) Вознемирувачки снимки од невремето во Скопје
Фото: ДЗС














