Во првите шест месеци од годинава Мода АД Свети Николе остварила производни резултати кои се за 32% послаби од истиот период минатата година, а истовремено остварениот девизен прилив од остварениот извоз е за 31% послаб од минатогодишниот, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварено е производство и извоз на 252.164 конфекциски производи во вредност од 1.349.119 евра.
Намалувањето се должи на намалениот број на работници, при што се остварени само 156.984 работни часови, кои се за 36% помали од истиот период од минатата година.
Остварената продуктивност изразена преку остварен девизен прилив на еден работен час изнесува 8,59 евра и е за 4,6% подобра од минатогодишната.
Заради намалениот обем на побарувачката од странство, искористени се дури 21 ден од годишниот одмор за 2026 година, што е за 9 дена повеќе од истиот период на минатата година, велат од таму.
Приходите од редовното работење изнесуваат 114.509 илјади денари, и истите се пониски за 16,6% од истите лани.
Расходите изнесуваат 124.398 илјади денари и се за 13,6% пониски од ланските.
-Остварена е загуба од редовното работење во износ од 9.820 илјади денари.
Во текот на 2026 година вкупните инвестиции во движен и недвижен имот изнесуваат само 13.350 евра. Друштвото во 2026 година има извршено продажба на деловен објект, при што е остварена капитална добивка од 17.668 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работела „Мода“ од Свети Николе лани














