еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ердоган повика на меѓународно признавање на Северен Кипар

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на меѓународно признавање на Северен Кипар каде завчера престојуваше во прва официјална посета по неговиот реизбор за претседател.

Во Турската Република Северен Кипар Ердоган се состана со водачот Ерсин Татар, чиј авторитет го признава само Турција.

– Ако треба да има враќање на преговарачката маса, начинот да се направи тоа е преку признавање на Северот, рече Ердоган, пренесе Еурактив.

Кипар е поделен од 1974 година кога турската војска ја нападна северната третина од островот како одговор на државниот удар чија цел беше да го обедини целиот остров со Грција.

Официјално, цел Кипар е територија на ЕУ, откако Република Кипар се приклучи на Унијата во 2004 година.

Мировните сили на Обединетите нации патролираат во тампон зоната што ја дели самопрогласената Турска Република Северен Кипар (ТРСК) од меѓународно признаениот југ.

Турските повици за „решение со две држави“ за кипарското прашање беа отфрлени од кипарските Грци, кои го сочинуваат мнозинството на југот. Република Кипар, заедно со меѓународната заедница, се залага за бизонална, бикомунална федерација во согласност со рамката на ОН.

Речиси 144.000 гласачи се регистрирани во северен Кипар, вклучувајќи турски доселеници и војници, како и кипарски Турци со турско државјанство. На неодамнешните избори тие во големо мнозинство гласаа за противкандидатот на Ердоган, Кемал Киличдароглу.

Ердоган ги отфрли компромисите за време на заедничкото обраќање со Татар. „Праведните барања на кипарските Турци се јасни и недвосмислени“, рече Ердоган.

„На Кипар има два посебни народи“, додаде Татар.

Статусот на островот е еден од најдолгите спорови во светот. Тој со децении е извор на тензии низ целиот медитерански регион, што беше нагласено во последните години поради откривањето на големи извори на енергија на тој простор. Тоа придонесе и за заострување на односите меѓу Турција и Грција, како и со остатокот од Европската унија.

Анкара има повеќе од 35.000 војници во северен Кипар. Речиси шест години нема официјални мировни преговори под покровителство на ОН.

Водачот на кипарските Грци, Никос Христодулидес, кој победи во вториот круг од изборите во февруари, сака поголема улога на ЕУ на Кипар, јави Euraktiv.rs.

МИА/Фото: Фејсбук/Ердоган

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, оцени потпретседателот на руската влада Новак

Редакција

Убава вест: 359 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

(ФОТО) Загреб му ја исполни желбата на Балашевиќ

Редакција