еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Ердоган за санкциите кон Русија: Европа го жнее тоа што го посеа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини санкциите кон Русија за енергетската криза во Европа, пренесе Бета.

– Европа го жнее тоа што го посеа. Односот на Европа кон Владимир Путин и санкциите го наведоа, сакале или не, да каже: „Ако го направите тоа, јас ќе го направам ова, рече турскиот претседателот на прес-конференција во Анкара.

– Путин ги користи сите средства и оружје со кои располага, пред сè природниот гас. Ние не го сакаме тоа, но мислам дека Европа оваа зима ќе има сериозни проблеми, додаде Ердоган.

Тој исто така рече дека Турција „нема да има такви проблеми“.

Кремљ вчера соопшти дека прекинот на испораката на руски гас за Германија преку стратешкиот гасовод Северен тек е само вина на Западот, бидејќи санкциите против Русија го спречуваат, како што тврди Москва, одржувањето на гасната инфраструктура, потсетува Бета.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 3,8 милиони евра

Редакција

Боки на рака му напиша писмо на Јовески, бара да биде изведен пред него

Редакција

Најсмртоносниот ден во Италија: За 24 часа починаа дури 627 лица

Редакција