еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ескобар денеска во Скопје за уставните измени, Мицкоски посетата ja гледа како секоја друга

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето коментар за реакцијата на опозицијата пред посетата на Ескобар на Скопје.

– Ескобар патува во Северна Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и долгорочниот просперитет на Западен Балкан, велат од Стејт департментот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера изјави дека „тоа што сега власта се обидува посетата на Ескобар да ја претстави, условно кажано, како дипломатски булдожер којшто тука е повикан од Владата за да врши тортура и притисок, е веќе слабост на овие криминалци во Владата.

Тортура и притисок во 21-от век веќе никој не врши, а и да вршат тогаш одбрале погрешни соговорници“.

Мицкоски, исто така, рече дека посетата на Ескобар ја оценува како и секоја друга посета.

– Изминатиот период имавме многу посети од високи странски претставници. Ќе ги слушнеме аргументите од таа страна, ќе ги кажеме нашите аргументи, отприлика содржината на тој состанок се наѕира, ја знаеме што е, така што секој добронамерен соговорник е добредојден, секој оној кој сака да ги слушне аргументите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на народот е добредојден, рече Мицкоски.

Габриел Ескобар денеска во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, а предвидено е да има средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со Мицкоски.

Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската седница за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Гласањето за Предлогот за пристапување кон измена на Уставо беше одложено до обезбедување потребното двотретинско мнозинство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Jавната администрација од 1 октомври ќе работи повторно во фиксен термин од 8 до 16 часот

Редакција

Омикрон ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас

Редакција

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата во декември за 142 евра повисока во споредба со ноември

Редакција