еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ ќе набави 16,8 гигават часови електрична енергија за периодот од 7 до 13 ноември

АД ЕСМ за периодот од 7 до 13 ноември ќе изврши набавка на 16,8 гигават часови електрична енергија за кои денеска е завршена постапката. Просечната цена која се постигна на денешната аукција е 215 евра за мегават час со вклучување на сите маржи, што значи дека за таа намена ќе се одвојат 3,615 милиони евра, информира генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски.

-Според планот за испорака на електрична енергија кон ЕВН хоум за ноември, предвидена беше набавка на 72.000 мегават часови (72 гигават часови), а за првата половина на ноември беше планирана количина од 36.000 мегават часови. Успеавме да постигнеме значително помала набавка и набавени се само 16.800 мегават часови, изјави Ковачевски.

Доколку се набавеше целата планирана количина за првата половина на ноември, посочи, тоа ќе чинеше дополнителни 4,2 милиони евра. За периодот од 15 до 30 ноември, истакна, дека ќе треба прво да се види дали ќе се задоволи конзумот со сопственото производство и потоа да се оцени дали ќе има потреба од набавка на дополнителна количина електрична енергија, која според планот за производство треба да изнесува 36,6 гигават часови.

-За октомври беа планирани да се набават 49.600 мегават часови, но со зголемено производство на нашите капацитети и намалениот конзум заради добрите временски услови и заради штедењата што ги прават граѓаните и институциите имавме нула набавка на енергија и со тоа заштедивме 10,5 милиони евра, рече Ковачевски.

Како што истакна, според планот во декември е предвидена набавка на нови 49.600 мегават часови електрична енергија, но дали и колку ќе се набават ќе зависи од производството на ЕСМ, временските услови и побарувачката на струја.

Во првите 10 месеци од годинава посочи дека АД ЕСМ 100-процентно го реализира планот за производство и во целост го испочитува снабдувањето со електрична енергија кон сите нивни договорни органи.

-Зголемениот план за 20 отсто кој го имавме во однос на претходната година во целост го исполнуваме и од предвидените 3.034 гигават часови произведени се 3.039 гигават часови што значи дека производството е натфрлено за некој процент.

Согласно нашиот план така очекуваме да продолжиме и во следните два месеци и до крајот на годината целосно да го исполниме планот за производство во 2022 година, потенцира Ковачевски.

Најголем дел од енергијата, како што кажа, ЕСМ испорачува кон универзалниот снабдувач ЕВН хоум, но ги снабдува со електрична енергија и Електродистрибуција и МЕПСО, како и здравствените институции, училиштата, градинките, поголем дел од министерствата, виталнте функции на државата.

Во период од 1 декември до 30 април со новото задолжение на Владата, ЕСМ ќе биде одговорно за снабдување на основните и средните училишта, јавните водоводни комунални претпријатија и дел од прехранбената индустрија.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Адем Авзиу, новиот генерален директор на „ЕЛЕМ Турс“

Редакција

Топ пет просечни плати: Програмерите со 67.216 денари убедливо на врвот

Редакција

Мјанмарската хунта на 4 години затвор ја осуди соборената премиерка Аунг Сан Су Чи

Редакција