еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ Продажба ќе набавува гас за топланите и другите потрошувачи од бугарската фирма Balkan Utilities

ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Македонија, пред се поголемите производствени и услужни капацитети, велат од компанијата.

Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1 јануари 2023 година.

„Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh. Истата фирма даде понуда за снабдување и до 1.5.2023 година, со тоа што ќе дава месечни понуди за цена пред почетокот на секој месец.

Досегашниот снабдувач со гас на АД ЕСМ, Макпетрол Пром–Гас, понуди цена од 116,20e/MWh, која не беше фиксирана, односно е подложна на корекции за јануари. Третиот понудувач A.P.M.P. Handels Ges не даде комплетна понуда.

ЕСМ Продажба на 23 декември објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас.

Дополнително беше испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во државата,“ се вели во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за еден денар

Редакција

Општина Бутел вработува четири лица, плата до 29.600 денари

Редакција

Изнудувале пари од бизнисмен: Уапсен разузнавач во Агенцијта за национална безбедност и амнестирано лице за настаните од 27 април

Редакција