еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ во шок: Лукашенко присили авион на Рајанер да слета во Белорусија за да уапси опозициски новинар

Белорусија вчера присили авион на Рајанер принудно да слета во главниот град Минск, а тамошните власти на аеродромот го уапсија опозицискиот новинар Роман Протасевич, основач на медиумот „Некста“.

Информацијата за неговото апсење ја потврди Управата за борба против организиран криминал и корупција на Министерството за внатрешни работи во Белорусија, пренесуваат светските агенции.

Авионот на Рајанер, кој после неколку часа продолжи кон својата крајна дестинација, летал од Атина до Вилнус, Литванија.

Властите во Белорусија го принудиле авионот да слета во Минск поради наводно присуство на експлозив, но по слетувањето во авионот не е пронајдено ништо.

Наредбата за принудно слетување на авионот, како што пренесуваат светските медиуми, стигнала лично од белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој наредил авионот кој бил во близина со границата со Литванија, веднаш да се заврти и да се спушти во Минск, а за придружба бил испратен и воен авион.

Од бројни членки на Европската Унија (ЕУ) стигна осуда за овој инцидент, а се очекува денеска за истиот да дискутираат лидерите на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 105 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Новиот претседател на САД, Џо Бајден ја прими вакцината против Ковид-19

Редакција

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на Македонска радиодифузија за набавка на две теренски возила вреден 57.000 евра

Редакција