еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европа беше поплавена заради климатските промени: Екстремните врнежи ќе станат редовна појава

За најмалку 20 отсто ќе бидат зголемени екстремните и смртоносни дождови кои летово косеа во Европа, а тоа се должи на топлиот воздух кој се зголемил за 1,2 степени на целиот континент, пренесува МИА.

Климатските промени ги земаа своите жртви во повеќе европски градови и поплавите веројатно ќе станат редовни во иднина.

Над 200 лица загинати во Германија, десетици загинати во Белгија и илјадници луѓе расселени во Холандија – и тоа само во три дена. Од 12 до 15 јули летово на научниците им се потврди она што го има во извештаите на ОН, но и на Светската метеоролошка асоцијација (WWA).

– Ваквите појави дефинитивно ќе ги имаме повеќе во контекст на глобалното затоплување, изјави еден од лидерите на истражувањето, Фредерик Ото, климатолог од Универзитетот во Оксфорд.

Но, кога научниците велат „барем“ тоа значи дека врнежите кои предизвикуваат поплави во иднина можат да се зголемат во рангот од 1,2 па сè до девет пати, или во проценти: од 20 па дури до 800 отсто. Со други зборови, и до осум пати почести можат да бидат овие катастрофи во летниот период во Европа, објаснуваат 39 научници од WWA.

И остатокот од светот ја плати цената за климатските промени летово. Пеколните топлотни бранови во Канада и Америка, ненадејните пожари на северот од Сибир се само дел од хаосот кој го предизвикува човечкиот фактор со загадувањето и со испуштањето на стакленички гасови во атмосферата.

МИА/Фото: Photo by Melissa Bradley on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измислен обид за атентат на Курти во Скопје

Редакција

Набљудувачката мисија на ОДИХР: Локалните избори конкурентни со почитување на основните слободи, загрижуваат правните недостатоци

Редакција

Убава вест: Оздравени 182 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција