еМагазин
Image default
Бизнис

Европа со намалена добивка во првите шест месеци од годината

Во периодот 01.01-30.06.2022 година Европа АД Скопје оствари вкупни бруто приходи во износ од 404.577.317 денари и истите се зголемени за 3,6% во однос на бруто приходите од 2021 година за истиот период, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Вкупните оперативни приходи за период 01.01-30.06.2022 година се зголемени за 9,5% во однос на истите во 2021 година. Приходите од  домашен пазар се намалени за 4,9% во однос на минатата година, додека пак приходите од странски пазар се зголемени за 20,6% во 2022 година во однос на 2021 година.

Останатите приходи се зголемени за 1,6%, а финансиските приходи се намалени за 74,5% во однос на 2021 година.

АД Европа-Скопје за периодот 01.01-30.06.2022 година оствари добивка во износ од 36.773.936 денари и е помала во однос на претходната година за 4,3%.

Вкупните расходите се зголемени за 4,6% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-30.06.2022 година се зголемени за 4,6%, а финансиските расходи пак се намалени за 4,2% во однос на 2021 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа со зголемена добивка во првите три месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои пет компании потпишаа договор со МЕПСО за инвестиции во преносната мрежа

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите убедливо на врвот

Редакција

Стартуваа градежните работи на автопатот Прилеп-Битола

Редакција