еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Евтин ПР на Бујар Османи со шише со инфузија

До каде може да “забегаат“ политичарите во Македонија, ни покажа вчерашната „вест“ со фотографија, на која се гледа како министерот за надворешни работи, Бујар Османи, држи состанок додека прима инфузија.

Од самата фотографија, која нормално еМагазин нема да ја објави, се гледа дека ја направил некој кој бил на состанокот, па истата потоа „случајно“ стигнува до социјалните мрежи и медиумите.

Или не дај Боже некој ни го „шпионира“ министерот или пак држи состаноци на места каде секој поминувач може да го фотографира и да го слушне што зборува.

Демек Османи до толку многу работи, што нема време да отиде во болница да ја прими истата. А можеби не сакал да отиде во болница, беше и министер за здравство и знае колку се лоши условите таму или можеби неможел поради блокадите на приватните превозници.

Разочарува, што медиумите свесно, за пусти кликови учествуваа во овој евтин ПР, а кога веќе објавија, никој не го постави вистинското прашање: „дали нашиот министер има проблеми со здравјето“, бидејќи се работи за многу сериозна функција, каде се донесуваат многу важни одлуки за државата, или се работи само за исцрепеност, бидејќи освен државни, министерот има и партиски функции.

Ако му е тешко или напорно, има многу просто решение, нека се повлече, куп функции за неколку години смени, секој би се изморил. Има кој да го замени.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катимерини“: Ривалството меѓу Софија и Скопје создава нова пукнатина на југоисточното крило на НАТО

Редакција

Град Скопје вработува 12 лица, плата до 24.427 денари

Редакција

„Ако се чуваш ти, ги чуваш и другите“: Твитер реакции за корона вирусот

Редакција