еМагазин
Image default
Свет

„Фајзер“ бара итно одобрување на таблета против Ковид-19, која ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто

Фармацевтска компанија „Фајзер“ денеска објави дека нејзината антивирусна таблета против Ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто и бара нејзино итно одобрување.

„Фајзер“ денеска ги објави прелиминарните резултати од неговата студија, која беше спроведена на 775 возрасни лица. Пациентите кои го земале лекот заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на комбинираната хоспитализација или стапката на смртност по еден месец.

Помалку од еден процент од пациентите кои го земале лекот биле хоспитализирани, а ниту еден од учесниците во студијата не починал.

– Ретко е да се види лек, кој е 90 отсто ефикасен и кој сто отсто штити од смрт, изјави научникот Мајкл Долстен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврозоната влезе во рецесија

Редакција

„Потреси“ на пазарите за основни житарки и растителни масла: Светските цени на храната во март на рекордно високо ниво

Редакција

Унгарскиот парламент го одби предлогот да се гласа за членството на Шведска во НАТО

Редакција