еМагазин
Image default
Балкан

Фабрика за мебел го направи Врање ново жариште на коронавирусот во Србија

Зголемениот број заразени во претходните денови во Србија не е индикатор за ширење на вирусот во земјата и во општата популација, туку во фабриката за мебел Додиќ во Врање, изјави заменик-директорот на Институтот за јавно здравје на Србија, д-р Дарија Кисиќ Тепавчиќ.

Таа додаде дека тоа покажува колку брзо може да се шири вирусот кога ќе влезе во колектив и дека повеќето пациенти во фабриката во Врање имаат благи симптоми или немаат никакви симптоми на болеста.

-Тоа ни ја покажува силината на вирусот и очигледно е дека инфекцијата сега ќе биде со поблаги форми на болеста, кажа Кисиќ.

Таа додаде дека е донесена одлука да се тестираат сите работници на фирмата „Додиќ“ во Врање, и дека заклучно со вчерашниот ден се регистрирани 42 позитивни случаи на коронавирусот кај вработените и 11 други лица кои биле во контакт со нив.

Таа истакна дека се очекуваат резултатите за сите 130 вработени.

Според епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ во Врање поради зголемувањето на бројот на нови пациенти, повторно е отворена „Ковид“ болницата, која беше затворена кон крајот на април, а за време на викендот се регистрирани 52 нови пациенти, од кои повеќето се работници од фабриката за мебел.

Епидемиолошката состојба на југот на Србија е сè уште неизвесна, а ситуацијата во Врање, треба да ја предупредат цела Србија, оцени Тиодоровиќ.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

81,4% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска претседателски избори во Црна Гора

Редакција

(Видео) Хит политичка кампања во Србија: Вучиќ излегува од фрижидер

Редакција

Еурактив: Грција прва ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, на 8 февруари

Редакција