еМагазин
Image default
Македонија

Фадил Зендели разрешен од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата

Со 61 гласа „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието ја донесе одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движењето „Беса“ од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во собраниската сала и не гласаа.

Во денешната расправа доминираа ставовите на власта дека опозицијата три дена му се додворувала на пратеникот Фадил Зендели, кој своеволно преминал во опозиција, а беше дел од Коалицијата „Можеме“.

Според СДСМ, граѓаните не сакаат предвремени избори, кога во земјава имаме енергетска, економска и ковид-криза.

Снежана Калеска – Ванчева од СДСМ рече дека три дена расправаат за одлука со која, како што рече, ќе треба да се воспостави балансот на вистинска застапеност на политичките партии во таа комисија. Таа ги праша пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зошто сакаат да имаат мнозинство во оваа Комисија, кога, како што рече, знаете дека деловнички не ви следува.

Според неа, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа за квалитетот на Фадил Зендели, туку знаат дека со седум гласа ќе можат да ја надгласаат власта и како што рече, „ќе можете да избирате и понатаму судии од тефтерчињата, функционери и останати кои треба да ве заштитат вас и вашата политичка опција“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Локални избори на 31 октомври за да не се совпадне кампањата со Пописот

Редакција

Милчин: За македонскиот јазик, за неговото признавање, преименување или негирање не може да одлучува која и да е политичка партија

Редакција

Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, на местото на Џафери

Редакција