еМагазин
Image default
Бизнис

Факом со намалена добивка во првите девет месеци

Во првите девет месеци од годинава Факом АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат во износ од 115.000 денари или за 20% помал во однос на добивката за истиот период од 2022 година која изнесуваше 142.681 денари, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на приходите од продажба најголемо учество со 52% имаат приходите од продажба на домашен пазар, кои во споредба со остварените во 2022 година бележат пораст од 178%, додека приходите од продажба на странски пазар учествуваат со 48% и се помали за 52% во споредба со истите во 2022 година.

Вкупните оперативни приходи во периодот 01.01 – 30.09.2023 се намалени за 17% во однос на 2022 година, како резултат на зголеменото намалување на приходи од странство и останатите оперативни приходи, а финансиските приходи се намалени за 3% по основ на намалени приходи од позитивни курсни разлики од работењето.

Вкупните приходи за 01.01- 30.09.2023 година се намалени за 17% во однос на истиот период за 2022 година.

Во овој период оперативните расходи се намалени за 18% во однос на истиот период 2022 година.

Намалувањето на расходите се должи пред се на намалените трошоци за суровини и материјали, додека услугите со карактер на материјални трошоци се зголемени како резултат на зголемените трошоци од ангажирање на надворешни работници и зголемено тековно одржување.

Финансиските расходи се зголемни за 81%, како резултат на зголемените расходи од камати од кредити. Вкупните расходи за 01.01- 30.09.2023 година се намалени за 17% во однос на истиот период за 2022 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Факом во првото полугодие со намалена добивка

ЕСМ склучи договор со Факом, вреден 3,4 милиони евра

Факом откупи сопствени акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за финансирање и буџет ја заврши амандмантската расправа по Предлог-буџетот за 2023 години

Редакција

Македонските компании недоволно ги промовираат своите услуги и производи кај странските инвеститори

Редакција

ГТЦ во првите шест месеци со добивка

Редакција