еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Еклатантно кршење на протоколите за Ковид-19 на концертот на Петар Грашо во Хераклеа

Не можам да го премолчам еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

„Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имав неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50% публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 м, задолжително носење на маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител.

Организаторот на настанот е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува.

Грижата за колективното здравје е заедничка одговорност, која во овој случај треба да ја понесе организаторот на настанот. Ги повикувам надлежните веднаш да реагираат и соодветно да ги санкционираат одговорните“, напиша Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ во Охрид ќе одлучува за предвремени избори, „метлата“ и новото раководство на партијата

Редакција

Филипче: На Инфективната клиника се лекуваат 54 пациенти, четворица се критични, а 20 се со кислородна маска

Редакција

Најголем дел од новозаболените со Ковид-19 се на возраст од 30 до 49 години

Редакција