еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Очекуваме втор бран на корона вирусот наесен, ќе инвестираме да го дочекаме подготвени

Корона вирусот многу веројатно ќе има и втор бран покажуваат сите досегашни студии, но и искуства од други епидемии. За него се подготвуваме согласно консултациите кои ги имаме со повеќе земји, со Светската здравствена организација (СЗО), но и со поединечни случаи од повеќе земји. Започнуваме голема инвестиција во здравствениот систем и ги зајакнуваме одделенијата за интензивна нега ширум земјата. Се подготвуваме за новиот бран на вирусот наесен и ќе го пречекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето за граѓаните, истакна министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Ќе ги опремиме, посочи тој, сите одделенија за интензивна нега со модерна опрема, кревети, респиратори, дигитални рендген апарати, ехио апарати и се друго што е потребно за да се пружи соодветна здравствена заштита.

„Покажавме што значи да се работи во интерес на граѓаните и како одговорно и навреме се делува во случај на криза, покажавме дека умееме одлично да се носиме со големите предизвици и кризи и тоа уште подобро ќе го правиме кога и да го имаме пред нас повторно предизвикот за заштита на јавното здравје и граѓаните“, додаде Филипче.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче го испратил предлог-документот до грчкиот колега со кој ќе се регулира начинот на патување помеѓу двете држави

Филипче повторно апелираше луѓето кои го прележале корона вирусот да донираат плазма

Филипче: Условите за патување во Грција ќе се знаат до крајот на следната недела

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За директорот на ДЗС, Симовски е небитно дали попишувачите се вакцинирани

Редакција

(Видео) Џафери до Апасиев: Не ми мафтај со прстот, оти може да ти биде скршен

Редакција

(Фото) Иванов со сопругата Маја на свечен прием кај Макрон

Редакција