еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Се подготвуваат 16 мини инфективни одделенија за брза дијагностика

Министерот за здравство Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“, на „Канал 5“ изјави дека здравствениот систем веќе два месеца интензивно се подготвува за есенските месеци со зајакнување на постојните јавно-здравствени установи за третман на пациентите со коронавирус, информираат од Министерство за здравство.

Тој истакна дека дел од активностите се реализирани, а дел треба да се реализираат.

„Веќе е инсталирана модуларна болница до Инфективната клиника. Тоа е капацитет од 70 кревети. Со тоа сериозно се зголемува капацитетот на Инфективната клиника, која има 110 болнички кревети. Понатаму, зголемување на бројот на болнички капацитети во сите 16 болници по овој модел.

Со тоа, тие 16 болници би добиле вакви модуларни мини инфективни одделенија со цел самите болници, со сега посебните објекти, да останат целосно „чисти“ за да може нормалната патологија што се работи едноставно да не трпи – пациентите да можат да добијат здравствена услуга, да не се креираат листи на чекање.

Исто така, ќе се инсталираат на апарати за дијагностика во сите овие центри за брза дијагноза на вирусот.“, потенцираше министерот Филипче.

Тој информираше дека вчера се отвори нов Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации.

„Од вчера првпат функционира новиот контролен и координативен Центар во рамките на Министерството, којшто го отворивме со помош на Светската здравствена организација и каде електронски ќе почнат да се собираат и анализираат сите епидемиолошки податоци од прашалниците, кои ќе се дистрибуираат до соодветните служби до санитарниот инспекторат, Министерството за внатрешни работи.

На тој начин многу се олеснува работата, но и увидот во овој епидемиолошки дел од целата оваа стратегија“, рече Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кражба во Еурокомпозит: Украдени зољи и боеви ракетни фрлачи

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Не добивме датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери

Редакција

Стевчо Јакимовски реизбран за претседател на ГРОМ

Редакција